Кумановци имаат идеи, но не се вклучуваат во акциите за чистење

Кумановци имаат идеи за чистење и уредување на зелените површини, но не се вклучуваат во акциите, иако постојатно ги повикуваме, истакна при гостувањето во емисијата Став, претседателот на еколошкото здружение Кумановски акцијаши, Јусуф Љатифи.  Тој потенцираше дека при акциите кои што ги реализираат во централното градско подрачје и приградските населби се вклучуваат само неколку граѓани.

-На нашиот профил на Фејсбук и меил адреса пристигнуваат голем број предлози на граѓани укажуваат на аномалии, еколошки загадувања и сега кога ќе дојде оној момомент истите тие граѓани ги нема. Иницијатива постои, она што ние еколозите велиме еколошка свест врз основа на иницијативите постои меѓутоа или е намерно потисната или пак има разни причини некои граѓани патат од комплекси дека ако излезат да чистат и ако ги види некој кој ги познава ќе каже зошто тоа го правиш-истакна тој.

Но радува фактот што младите од градот покажуваат интерес за уредување на просторот во којшто живеат, истакна Љатифи. Тој дополни дека се обидуваат да привлечат што повеќе ученици, за кои организираат еколошки работилници.

-Ако кажам податок дека имаме ученици од основни и средни училишта околу 270 деца, каде буквално возрасната граница на просекот е 15,9 години покажува дека интерес кај младата генерација постои. Но кај добар дел тие млади се потиснати од дома, зошто тоа го прават, нека излезе некој друг, се додека се вадиме на тоа зошто јас а не некој друг ќе останеме на тоа што сме-посочи Љатифи.

Претседателот на Кумановски акцијаши нагласи дека е задоволен од соработката со Општина Куманово и јавното претпријатие Чистота и Зеленило.

-Јавното претпријатие Чистата и зеленило во последните месеци агресивно изведува акции на терен ние колку можеме да бидеме вклучени се вклучуваме и морам да кажам дека е за пофалба тоа но проблемот се јавува пак оној фактор несовесни граѓани, имаме случаи контејнерите се празни но граѓанинот пак го фрла покрај него-нагласи тој.

Тој укажа дека со заеднички сили комуналните инспектири при Општината и Министерството за внатрешни работи, можат да се решат ваквите проблеми. Дополни дека имаат предлог граѓаните што ја загадуваат животната средина, освен казнената парична мерка, да извршуваат и општествено корисна работа. Инаку здружението Кумановски акцијаши досега има реализирано над 170 акции од различен тип.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)