Кумановци масовно со поддршка за унитарна Македонија

Кумановци синоќа повторно со масовен марш по седумнаесети пат, низ улиците на градот ја изразија својата поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија. Тие уште еднаш кажаа не за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.

Овој пат машот започна пред општина Куманово, по што граѓаните се движеа по улицата Доне Божинов, булеварот Трета МУБ, улицата Народна револуција и повторно завршија на платото пред Центарот за култура. Таму се обрати Марјан Гијовски кој истакна дека е чест да се зборува во Куманово, град кој го даде еден од поголемите македонски синови, Драган Богдановски, кој целиот свој живот се залагаше за македонските интереси.

-За жал и во 2017 година овој народ и оваа држава мора да се справува со политичари кои се празни како лушпи кои немаат личност ниту почит кон себе ни кон сопствениот народ се служат со сплетки и интриги и се надеваат на помош од надвор.  Како ќе дозволиме да не водат тие кои сами не можат да се водат, им требаат платформи изработени зад грбот на македнскиот народ –истакна тој.

На лидерот на опозицијата Заев, Гијовски му порача да се огради од платформата која е изработена во Тирана.

-Единствена Македнија за која се залагаме е Македонија во која доаѓањето на власт нема да значи менување на државното устројство. Македонија во која политичарите ќе се водат од интересите и волјата на сопствениот народ во своите одлуки, македонија чија судбина нема да се решава во која било држава-нагласи тој.

Тој додаде дека му даваат поддршка на претседателот Иванов, кој докажал дека интересот на народот кој што го избрал му е над се, и кој веќе се запишал во историја.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)