Кумановци навремено плаќаат данок на имот

Во буџетот на општина Куманово се слеани над 8 милиони денари повеќе во споредба со лани, по основ на данок на имот, такси и други давачки за физички и правни лица. Зоран Павловски од Секторот за администрирање на приходи при локалната самоуправа вели дека наплатата се одвива без проблеми.

-Конкретно данок на имот на физички лица и правни имаме 34.450.000 минатата година имавме некаде ова време 32.000.000 рапидно е зголемено за 5-6 милиони данок на промет на наследство-подарок. Комунална такса е исто така зголемена за правни и физички лица некаде околу еден милион денари или севкупно 8 милиони денари користење на простор при деловни простории бидејќи дојде до измена на одлука за користење на таква такса и таа е намалена но тоа не придонесе да се намали самото собирање затоа што сега во тек на цела година се наплаќа истата такса-истакна тој.

Павловски посочи дека слична како лани е и комуналната такса за користење на улици со патнички и товарни возила, како и туристичката такса или привремен престој за правни и физички лица.

-Најголемо зголемување е во данок на промет на недвижности подарок и права потоа е зголемен данок на имот за физички и правни лица или се вклупно 124.801.992 денари што значи за минатата година имавме 116 милиони околу 8 милиони и нешто повеќе-додаде тој.

Кумановци потврдија дека навремено си ја подмируваат оваа законска обврска, но посочија дека има разлика во висината на цената во споредба со лани. Средствата од наплатата на данок на имот ќе влезат во буџетот на општината и ќе се користат за инвестиција на различни инфраструктурни проекти.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)