Кумановци не учествуваат во креирањето на буџетот

Граѓаните на Куманово досега не учествувале во креирањето на буџетот на општината, покажуваат првичните резултати од проектот Мои пари, моја одговорност кој го реализираат организацијата Finance think и Граѓанскиот центар за одржлив развој, Игри.

Имено организациите денеска отворајќи информативно катче за зголемување на свеста на кумановци за нивно вклучување во процесот на изготвување на буџетот на општинско ниво, потенцираа дека почнува процесот на кој напрвин ќе ги запознаат, а потоа и ќе ги вклучат во соработка со општината, со цел да учествуваат во изработката веќе наредната 2020- та година.

-Денеска сме во општина Куманово како што кажав оваа активност е насловена како информативни корени целта на активноста е да ги запознае самите граѓани со процесот на буџетирање односно како се изготвува општинскиот буџет, да ги запознаа со предностите од учеството на граѓаните правањето на самиот буџет, ние сме со таа девиза дека доколку самите граѓани учествуваат во изготвувањето доаѓаме до поквалитетни проекти и нормално согласно интересите на граѓаните. Веќе бевме во Крива Паланка и Старо Нагоричане, тоа е делот кој ИГРИ го спроведува додека целиот проект е во 10 општини во Македонија-истакна Јорданчо Миневски, координатор на проект Игри.

Активноста се спроведуваше пред влезот на локалната самоуправа, а тие дискутираа со граѓаните кои ја посетуваа општината.

-Сега сме на самиот почеток, имавме претходни активности во кои беа вклучени 20 -ина луѓе таму го објаснувавме буџетскиот циркулар меѓутоа таргет беа невладините организации, медиумите, бизнис секторот додека овде тергетот се граѓаните односно сличен процес како се одвиваше со невладините, истиот процес го пренесуваме во Куманово, со граѓаните. Овој проект е доказ дека работите може да се сменат, нема друг механизам освен невладините организации и медиумите да вршат притисок, односно да ги спојат општината и граѓаните, при што и граѓаните би можеле да бидат поврзани со општината-дополни тој.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество преку тригодишна соработка ја поддржа мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ во процесот на подобрување на праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и зголемување на ефикасноста на трошењето на општинските пари.

Коментари

коментар(и)