Кумановци очекуваат лото добивки за Нова година

Љубителите на лото играта на Државната лотарија на Македонија од Куманово, се надеваат дека новогодишните празници ќе им донесат и големи награди. Тие се запознаени дека лото премијата изнесува над 8 милиони денари, па затоа секоја среда и сабота редовно уплаќаат лото, но и џокер. Кумановци се задоволни и од онлајн уплатата, со која значајно се олеснува играњето.

-Редовно уплаќам лото, следам кога има извлекување гледам кога можам, кога не можам онлајн ги проверувам резултатите. Знам дека може и онлајн, во ова модерно време и тоа е добро се  е онлајн па може и лотото. Одамна 6-ка имам добиено, сега во последно време 4-ка и 5-ка од време на време. Се надеваме дека за новогодишните празници можеби ќе добиеме нешто-вели еден кумановец.

-Верен сум играч уште додека беше кај пазарчето, како дете играм. До 500 денари имам добиено, повеќе не, очекувам нормално кој не би сакал, не можеш да добиеш ако не играш, треба да играш, за да добиеш. Знаеме преку интернет исто може да се уплати, играме обавезно и по еден џокер.  Лото и грепки, но повеќе лото. Уплаќам секоја среда и сабота нонстоп, се надевам на добивка-истакна еден повозрасен кумановец.

-Имам добиено 4-ки, 5-ти во времето кога беа се користеа марки, тогаш добив бинго. Се надевам сите нека добијат, па и ние. Би сакале да се врати и бингото, тоа е исто добра игра-дополнува друга кумановка.

Среќната ѕвезда досега два пати ја донесе 7-ката во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)