Кумановци повикуваат да се исчисти снегот

Кумановци со поделени мислења за исчистените улици и тротоари од снег. Додека едни сметаат дека надлежните служби не ја исполниле својата должност, бидејќи не фрлиле доволно сол на улиците, па се принудени да одат по мраз, а уличките во периферијата се како лизгалишта, други тврдат дека немаат проблем да се движат низ централното градско подрачје.

-Улиците  не се исчистени, имаме среќа што не падна многу снег, ги гледате автомобилите шлајфуваат, се лизга за граѓаните е опасно.

Возачите велат дека им е отежната работата, бидејќи едвај се движат по споредните улички, кои за разлика од булеварите се уште не се исчистени, а поради ниските температури сега се и заледени. Додаваат дека утринава не успеале да ги услужат сите клиенти, зашто едвај се движат со возилата поради тешко проодните делови во градот.

 

Сопствениците на деловните објекти имаат обврска да го исчистат снегот од пред дуќаните, бидејќи во спротивно им следува парична казна. Од секторот за инспекциски надзор при Општина  Куманово апелираат  дуќанџиите веднаш да започнат со чистење пред деловните простории, бидејќи ќе заработат  санкции од 50 евра соглсано законот за комунални дејности.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)