Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 23 и 28 години , информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека претходно физички ги нападнале нивните соседи и нивниот син, при што употребиле и тврди предмети.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.