Кумановци редовно уплаќаат игри на среќа од Лотарија

Кумановци редовно уплаќаат игри на среќа од Државната лотарија на Македонија во продажното место Кеопс, кое важи за едно од најфреквентните и најсреќните места во државата. Од ова продажно место во минатото излегоа дури две седумки.

Љубителите на игрите на среќа ни раскажаа дека во последно време не поминува ден без да купат по некоја грепка или да уплатат лото. Велат дека не се откажуваат, бидејќи не се знае кога среќата ќе им се насмевне.

-Сум редовен играч, постојано уплаќам и лото, а купувам и грепки-вели една кумановка.

-Уплаќам но се уште немам среќа, верувам во добивка и редовно играм-дополнува друга.

-Верувам во добивка, зошто да не, кој игра тој и добива-дополнува повозрасен кумановец.

-Еднаш имам добиено 3.000 денари на џокер играв 5 бројки-нагласува уште еден кумановец.

Љубителите на игрите на среќа од Куманово се надеваат дека наскоро ќе се најдат под Среќната ѕвезда на Државната лотарија на Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)