Кумановци сами си ги чистат оџаците

Бобан Јаневски е еден од ретките во градот кој повеќе од една деценија се занимава со оџачарство. Тој по професија е ветеринарен техничар но сиромаштијата и трите гладни усти кои го чекаат дома го натерале да заврши шестмесечен курс за оџачар. Од оваа работа не може да се стане богат, но доволно е да се преживее, вели Јаневски. Тој додава дека иако работата е тешка и валкана луѓето кога ќе го видат го поздравуваат и му велат дека им носи среќа.

-Ова е многу тешка работа, јас работам 15 години и никој не сака да ја прифати работата, ризична е и валкана. Пред се високо е и ризично бидејќи зимно време горе на снег и дожд се качувам , вели Бобан Јаневски, оџачар.

Јаневски пред почетокот на грејната сезона чисти од два до три оџаци дневно, а наплаќа од 300 до 1000 денари во зависност од обемот на работата. Тој посочува дека иако цените се ниски сепак повеќемина сами си ги чистат оџаците бидејќи немаат пари да ја платат услугата.

Не им препорачувам тие сами да чистат но немањето ги тера. Има луѓе што не ги чистеле оџаците на зрадите по 40 години.Најдобро е секоја година да се чистат, задолжително е еднаш, не е лошо и два до три пати годишно бидејќи се горат по дваест или триесет кубици дрва, вели Јаневски.

Доколку оџаците не се чистат редовно може да настане пожар, а согласно законските прописи за неисчистен оџак граѓаните се казнуваат од 500 до 1000 евра.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)