Кумановци се збогуваа од Божиновска

Претставници на семејството, градоначалникот, советници, членови на највисокото раководство на општинската организација на СДСМ, колеги и други, денеска се простија од Жаклина Божиновска, која загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро. На комеморацијата се обрати Марина Алексовска, координаторката на Форумот на жени на СДСМ, каде што беше дел и Божиновска. Таа истакна дека биле исполнети со неверување, шок, горчина и тага кога ја слушнале жалната вест за ненадејната и трагична смрт.

-Прераното згаснување на нејзиниот живот за сите нас значи голема загуба. Семејството изгуби грижлива мајка, пожртвуван родител, добар брачен другар и примерна ќерка. Работниот колектив вреден и почитуван работник, колега.Социјалдемократскиот сојуз активист и борец за остварување на идеи и активности. Сите заедно изгубивме добар другар, пријател, активист, хумана личност, целосно вкучена во општествено- политичкиот живот во Куманово-истакна таа.

Алексовска нагласи дека биле горди што меѓу себе имале таква личност, која секогаш покажувала голем ентузијазам, енергичност, оптимизам.

-Во контaктите со сите нас, а и со граѓаните беше непосредна, весела со широка насмевка и желба за дружење со неверојатен оптимизам им приоѓаше на непредвидливите ситуации и со трпение учествуваше во нивното разрешување. Ја сакаше вистината, еднаквоста правдата и впречем сите оние начела за кои што се залага СДСМ. Почитуваше секого, беше почитувана од сите, на секоја активност на жените беше со својот фото апрат и со многу љубов и креативност ги овековечуваше нашите хуманитарни акции, панел дискусии, посетите во Скопје, протестите, маршевите-додаде таа.

Божиновска е родена на 1-ви октомври 1973 година во Куманово, каде што го завршува своето образование. Таа работеше во јавното претпријатие Чистота и Зеленило. Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на Градските гробишта.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)