Кумановци се потпишуваат за лицата со посебни потреби

Над 150 кумановци за само еден час се потпишаа на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со посебни потреби. За да влезе оваа иницијатива во процедура во Соранието потребни се 10.000 потписи, а веќе се соберени 6.000. Во останатите градови низ државата овие денови беа поставени книги, а во Куманово започна од денеска и ќе трае до петок. Граѓаните и покрај лошата политичка состојба во државата, се надеваат дека надлежните ќе имаат слух за решавање на овој проблем.

-Мора некоја иницијатива да се направи притисок за да овие деца и постари и сите кои се со посебни потреби да имаат подобри услови по прашање на социјална грижа, помош и слично, без притисок ништо не можеме да направиме. Да дојдат да дадат поддршка да се потпишат бидејќи оваа категроија на луѓе се оние кои живеат со нас, тие не се посебни тие се исти како нас, треба да живеат во заедницата со нас-вели еден граѓанин кој го стави својот потпис.

 

Од здружението Инклузива кое веќе работи на иницијатива за промени во законите за здравствена и социјална заштита на лицата со попреченост и нивните семејства сметаат дека е неопходно укинување на возрасната граница од 18 години за ослободување од партиципација при набавка на ортопедски помагала како и укинување на возрасна граница за лица до 26 години за ослободување на надоместок за набавка на лекови. Тие бараат и изедначување на правата на згрижувачките и биолошките семејства на овие лица.

-Искрени да бидеме не очекувавме толку голем одзив но се гледа дека граѓаните не подржуваат и тоа ни дава волја да продолжиме понатаму онаму каде што поради емоции, тешкотии родителите застануваат. Апелираме сите родители да не се откажуваат народот не подржува, денеска имавме можност да видиме дека и политичари доаѓаат и претставници на локалните самоуправа и општо сите граѓани. Ние ќе продолжиме понатаму и нема да се откажеме но оваа иницијатива ќе ја застапуваме и во новоформираната влада кога и да се формира-вели Благица Димитровска од Здружението Инклузива.

Граѓаните кои што сакаат да дадат поддршка тоа може да го сторат од 5 до 12 до 17 часот до петок на Градскиот плоштад или во просториите на дневниот Центар за лица со попреченост „Порака наша“.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)