Кумановци ја поздравуваат изградбата на катната гаража

Кумановци ја поздравуваат изградбата на катната гаража во центарот за градот. Тие се надеваат дека барем делумно ќе се реши проблемот со паркинг просторот во градот, ќе се намали метежот и тротоарите повеќе нема да бидат блокирани од автомобили. Дополнуваат дека на градот му недостасуваат вакви инвестиции, а надлежните би можеле да размислуваат и за изградба на подземни гаражи. Дел од кумановци имаа забелешки само за локацијата на гаражата која се наоѓа пред Центарот за култура. Во иднина предложија да се определат локации кои ќе се надвор од централното подрачје.

-Како не беше неопходна, немаше место за паркирање, сега колку-толку е помош, позитивно е се-истакна еден кумановец.

-Навистина има потреба од катни гаражи во Куманово, сега ова е мал дел од тие потреби. Сепак е центар на градот, нема паркинг простор, има метеж во сообраќајот, во еден мал дел ќе помогне. Но би требало подземни гаражи да се направат во Куманово-смета еден граѓанин.

-Катната гаража требаше да се направи, и мислам дека за градот е добро, колку е исплатливо ќе покаже времето. Со оваа големина и со добивање на овој простор, мислам дека нема многу да  се реши проблемот со метежот во сообраќајот, но сепак е добро-изјави еден кумановец.

-Очекуваме нема каде се движат пешаците, автомобилите се на тротоарите, јас мислам дека оваа гаража ќе помогне во тоа. Само напрад во нови инвестиции, да има за децата шеталишта, игралишта, тоа ни недостасува-дополнува уште една кумановка.

-Нема врска таа гаража не личи на ништо, не знам што да ви кажам, првин нема возач, кој може да го качи возилото, јас сум со години возач и страв ми е таму да се качам-вели еден пензионер.

-Ќе има уште повеќе метеж а друго не е предвидено толку години гаража да биде во центар, треба да е некаде на страна, малку ли паркинг плацеви има слободни да се направи, а овде пред Центарот за култура воопшто не е потребна-истакна еден граѓанин.
 

Со пуштањето во употреба на новата монтажно-демонтажна катна гаража, кумановци по иста паркинг цена ќе можат да го користат просторот кој има место за 80 возила. За оваа инвестиција општина Куманово одвои над 16 милиони денари. Во рамки на катната гаража, по одлука на инвеститорот е планирана и изградба на јавен тоалет, кој веќе од наредните денови ќе започне да функционира.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)