Кумановци ја проследија претставата „Прекината одисеја“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер се играше претставата „Прекината одисеја“ од Роберт Урбаски, а во режија на Јацек Гломб, која ја изведоа актери од Македонскиот народен театар во соработка со театрот „Хелена Моджејевска“ од Полска.

Сижето на претставата понуди приказна за егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кои живеат во Полска, а самата претстава покрај на македонски беше изведувана и на полски јазик.

Ние потекнуваме од еден град во Полска кој е сведоок на историјата која што ќе биде раскажана во претставата. Ние сме сведоци на егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во Полска и за нас е тоа многу важна тема и токму затоа ние се охрабривме да направиме таква претстава и да ги поканиме во заедничка продукција да го направиме тоа со Македонскиот народен театар од Скопје – рече Јацек Гломб, режисер на претставата.

Главните ликови во претставата меѓу останатите ги играа Владо Јовановски, Снежана Коневска Руси, Трајче Георгиев, Томе Витанов и Сашка Димитровска од Македонскиот народен театар во соработка со нивните колеги од Полска, а сите јунаци во претставата се измислени.

И така што ова не е само обична театарска претстава, тоа е историска приказна за судбината на тие македонски деца и погледот кој што го имаат Полјаците во однос на нив. Оваа претстава ве молам да не ја третирате како учебник по историја, ниту пак како простор за идеолошка или политичка дебата, тоа е една наша човечка приказна изградена врз основа на искажувањ ена луѓе кои по 1948 година пристигнаа во Полска – рече Јацек Гломб, режисер на претставата.

Инаку средствата од продадените билети ќе бидат донирани како парична помош за поплавените од скопскиот регион.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)