Кумановци ќе делат пакети од врата на врата

Претставници на иницијативниот одбор на граѓани за помош на поплавените од Скопје, од утре од врата на врата ќе ги посетуваат настраданите семејства и ќе делат од донираните продукти. Сметаат дека на овој начин луѓето ќе можат побргу да ги добијат потребните продукти.

-Во соработка со Црвениот крст и Кумановски акцијаши веќе имаме една екипа што е на терен. Денеска правиме список на уште две екипи да им помогнеме директно на нашите пријатели и браќа и сестри. Пакетите што ќе бидат подготвени директно ќе ги носиме од врата на врата. Да не биде дека се ставени на едно определено место и лично да ги земаат. Моментално имаме околу 250 пакети вода и околу 400 храна заедно со хемиски средства-изјави Александар Крстевски, претседател на ИО на граѓани.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)