Кумановци ќе пошумуваат на Даштев рид

Граѓани, основци и средношколци утре ќе се вклучат во 16-тата по ред акција Ден на дрвото. Тие ќе садат чемпрес и црн бор на локацијата Даштев рид, која се наоѓа во населбата Гоце Делчев, во близина на Градските гробишта. Од Секторот за образование при Општина Куманово истакнаа дека најголем дел од лицата кои ќе се учествуваат во акцијата која е под мотото „Засади ја својата иднина“, се ученици.

-Во образованието утре е работен ден, во кој ќе се реализираат посебни програми. Опфатени се основните и средните училишта со тоа што основните училишта имаат обврска да ги уредат школските дворови да засадат садници таму каде што недостасуваат едноставно да се покаже таа активност во кругот на училиштето или во блиската околина по подрачните училишта во нашата општината-наведе Крстевски.

На Даштев рид е предвидено да се пошумат пет хектари површина, со околу 7 до 10.000 садници.

-Ученици и слободни граѓани кои ќе ја прифатат оваа манифестација да бидат дел од неа очекуваме дека за 2-3 часа ќе ја завршат таа работа, затоа што теренот е подготвен, не треба никакви алатки да се носат, само ќе им дадат колчиња и садници. Очекуваме убаво време и оваа активност да биде завршена-наведе тој.

Од општина Куманово ги повикаа сите граѓани да се вклучат и заедно да придонесат за подобра животна средина.  Инаку освен на Драштев рид ќе се пошумува и во липковско Слупчане како и во Општината Старо Нагоричане, каде акцијата ќе започне во 9 часот, а ќе се засадат 1.000 садници. Во пошумувањето ќе се вклучат општинската администрација, учениците и мештаните.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)