Купи Куќа, Купи Стан – Апликацијата за субвенции е отпочната

Министерството за финансии информираше дека граѓаните  ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Барањата можат да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години.

Сите граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитно способни согласно условите од банката можат да аплицираат во една од осумте банки кои учествуваат во проектот: НЛБ банка, Стопанска банка Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

Дополнителна поволност која ја дава проектот за корисниците е дека за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)