ЛАГ АБЕР ќе го заштити Кокино и ќе направи видиковец

Локалната акциска група АБЕР 2015 ќе го заштити и уреди Кокино. Имено здружението доби два проекти во висина од 10.000 евра, кои се наменети за подобрување на заштита на туристичката инфраструктура на Кокино, односно предвидува оградување на дел од локалитетот и уредување на место за одмор (видиковец) за туристите, во непосредна близина на Кокино.

Договор за овие проекти веќе е потпишан со Агенцијата за финансирање, а на настанот присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

-Оградувањето на Кокино до сега претставуваше огромен проблем за успешно менаџирање со туристичките посети на локалитетот, како и потреба за поголема заштита на самото место, а за кое што е константно е апелирано од Националната Установа Музеј Куманово до надлежните институции во последните 15 години. За овој проблем алармираше и Комисијата на УНЕСКО при разгледувањето на апликацијата за Кокино, додека пак туристите ја наведуваа лошата инфраструктура и непостоењето на места за одмор како главна негативна страна, информираа од ЛАГ АБЕР.

Вториот проект се однесува на набавка на современа механизација – атомизер, ѓубрерастурач и дизел генератор, која што ќе биде користена од  членовите – земјоделци, по претходна нивна обука.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)