Лајонс клуб Куманово ќе организира „Чваркаријада “ во сабота

 „Чваркаријада“ со хуманитарен  карактер ќе биде организирана в сабота со почеток во 12 часот во ресторан Грација. Забавата ќе биде отворена за сите заинтересирани граѓани и љубители на чварките и другите кумановски традиционални специјалитети, вели организаторот Влајко Стојчевски.

-Оваа забава ја правиме на ниво на Македонија и вообичаено сите 20 лајонс клубови од Македонија доаѓаат на манифестацијата со која сакаме да ја одржиме нашата македонска традиција , тука во дворот ќе има казан во кој ќе се топат чварки, надвор ќе работи и фурната во која ќе се прават пици, пастрмајлии, скара со кумановски суџук, ќе имаме програма, убава забава, музика, зурли тапани, како и секоа година и ќе им пружиме можност на нашите гости да уживаат и да се забавуваат и со убава храна и со чварки, и со убава музика, изјави Стојчевски.

Собраните средства на оваа веќе традиционална манифестација ќе бидат наменети на категориите на граѓани на кои што им  е неопходна финансиска помош.

-Лани дониравме на четири поплавени семејства во Куманово бидејќи лани беа поплавите актуелни, а годинава собраните средства ќе ги донираме на Здружението на слепи и на децата со интелектуална попреченост Порака , изјави Стојчевски.

Влезниците за „Чваркаријада “ се продаваат по цена од 700 денари.

Коментари

коментар(и)