ЛДП ги претстави кандидатите за пратеници во ИЕ2

Либерално-демократската партија вчеравечер на трибина во кружната сала на поранешен Комитет ги промовираше кандидатите за пратеници во изборната единица 2.

Пред граѓаните на Куманово се обрати претседателот на либерлната младина Стефан Миновски кој истакна дека проектите мора да ги доближат до граѓаните на Македонија.

Сите ние тука што сме и пошироко надвор, значи сите нашите пријатели да               им кажеме дека мора да ставиме крај на овој режим, мора да ставиме точка на овој режим, бидејќи не опљачкаа, парите ги вложуваат во неважни работи, не за џабе сме држава со најмногу умрени новороденчиња, не за џабе сме држава со над 600.000 иселени млади лица од оваа држава, не за џабе секој што ќе го прашате сака да се исели од оваа држава, тоа е се поради лошата политика на оваа актуелна власт – вели Стефан Миновски, кандидат за пратеник во 2ИЕ.

Потпредсеталот на ЛДП, Зоран Шапуриќ најави менување на системот и администрацијата, како и реформи во судството и спречување на корупцијата.

Наша задача ќе биде како коалиција да воспоставиме систем никогаш да не се повтори ова, никогаш да нема злоупотреби,с тав, луѓето да бидат еднакви, знаете дека едно од основните начела на ЛДП е еднаквоста, еднакви шанси, еднакви можности и по тој дел дадовме одреден придонес – рече Шапуриќ.

Свои обраќања пред кумановци имаа и Оливер Спасовски, Максим Димитриевси, Мартин Захариев, Лидија Тасевска од редовите на СДСМ и Мирослав Јовановиќ од Српска странка во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)