ЛДП одржа трибина во Комитет

Либерално-демократската партија синоќа во кружната сала на зградата на поранешен Комитет, ја одржа трибината насловена „Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“. На неа се обратија претседателот на партијата, Горан Милевски и други членови на раководството, кои зборуваа за економијата, правосудниот систем, здравството и граѓанскиот сектор. Милевски истакна дека целта на трибината е да се потсетат граѓаните за нивните идеали и заложби.

-50 проценти од работата е завршена со смената на Груевски но следува втората половина која е уште потешка да се стабилизира државата, и да се департизираат инстутициите односно да им се вратат на граѓаните да се тргне од политичките партии, политиката од институциите кои треба да работат професионално-наведе тој.

Зборувајќи за правниот и судски аспект од функционирањето на државата, адвокатот и поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција, Драган Милановски наведе дека институциите се во канџи на властa и функционираат исклучиво во нејзина полза.

-За жал веќе подолго време овие институции се третираат како еден вид воен плен на партиите на власт, сметајќи дека тие ако дошле на власт, тие ги окупирале треба да видат само во нивна функција. Во едно такво опкружување дефинитивно дека нема да остане ниту збор за принципиелно извршување на функциите на институциите и со тоа и испоставување на услуги соодветни на граѓаните-нагласи Милановски.

Пред кумановци се обрати и Никица Корубин, која се осврна на човековите права. Според неа во моментов се загрозени сите човекови права почнувајќи од основните, како правото на живот, дом, работа, квалитетно образование, здравство.

-Начелото на целата оваа серија на трибини е што ќе се случи со Македонија после Груевизмот. Груевизмот треба да се сфати како нешто што го зафати практично целото општество. Груевизмот не е еден човек, тоа не е се уште актуелниот премиер Никола Груевски, туку систем или антисистем на буквално узурпирано општество по сите основи-нагласи таа.

Вакви трибини веќе се одржаа во Скопје, Битола и Могила.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)