ЛДП од Куманово спроведе крводарителска акција

Општинската организација на ЛДП од Куманово, денеска спроведе крводарителска акција. Ова е една од низата активности организирани по повод 18-иот роденден на партијата.

– Мора да кажеме дека ЛДП е партија која прва отпочна со овие активности од 2000 година, во низа од 15 години даруваат нашите членови и симпатизери. Имаме доста членови од ЛДМ, изјави Зоран Павловски, член на Извршен Одбор на ЛДП.

Членовите и симпатизерите на партијата велат дека секоја година даруваат крв,а тоа што ги мотивира е прочистувањето на сопствената крв и знаењето дека спасуваат нечиј живот.

-Дарувам крв секоја година. Ме поттикнува фактот што со дарувањето на крв стануваме хумани граѓани и спасуваме нечиј живот. Навистина е убаво чувството,вели еден крводарител.

Кумановските либералдемократи секоја година спроведуваат крводарителски акции на кои во просек се собираат 20 до 25 крвни единици. Годинава акцијата се спроведе во реновираната служба за трансфузиона медицина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)