ЛДП организираше крводарителска акција

По повод 21-от роденден,општинската организација на Либерално-демократската партија Куманово денеска организираше крводарителска акција, која се одржа во просториите на Заводот за трансфузиологија при Општата болница. На акцијата која што започна во 10, а трае до 15 часот, учествуваа членови и симпатизери на партијата.

-Како и секоја година организираме низа активности по тој повод, една од тие активности е и крводарителска акција која прерасна во традиција…. Ова ми е осми пат по ред што дарувам крв и ќе ми биде чест и задоволство да подарам така бидејќи секогаш е задоволство да спасите нечиј живот –истакна Давид Цаневски, член на општинска организација на ЛДП.

-Традиционално бидејќи сум член а воедно и претседател на младинскиот одбор на ЛДП. Ова ми е 16-ти пат да дарувам крв, за прв пат за ЛДП и во континуитет давам секоја година…Дарувај крв-спаси живот со ова докажуваме дека нашата партија младината не е насочена само кон политичката сцена туку има и пошироки погледи кон целото опкружување- посочи Денис Каревски.

Од Заводот за трансфузиологија при Општата болница истакнаа дека се задоволни од акцијата.

-Пријавен број на крводирители беше околу 20, досега 12 крвни единици се соберени. Мислам дека до крајот ќе биде успешна акцијата. Со крвни единици сме добро снабдени низ целата држава има доволен број така што тоа не е некој проблем, само треба почесто да се организираат крводирителски акции да има постојано бидејќи рок на траење на крвта е ограничен-потенцираше доктор Дритон Билали.

Акцијата традиционално се одржа во соработка со Црвен Крст Куманово.

 

 

 

Коментари

коментар(и)