ЛДП организираше крводарителска акција

По повод 19-тиот роденден, општинската организација на Либерално-демократската партија денеска организираше крводарителска акција, која се одржа во просториите на Заводот за трансфузиологија при Општата болница. На акцијата која што започна во 10 а траеше до 12 часот, учестуваа членови и симпатизери на партијата.

-Досега сум задоволен од одзивот, секоја година е традиционална акцијата. Имаме некаде околу 15 крвни единици собрано до крајот мислам дека ќе имаме над 20-изјави претседателот на ОО на ЛДП, Ивица Костовски.

Крводарителите истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во ваквите хуманите акции.

-Целта на дарување крв се знае спасување нечиј живот денеска ми е некаде 128 пат, додека ме служи здравјето ќе дарувам-вели еден од крводарителите.

 

Акцијата традиционално се одржа во соработка со Црвен Крст. Во рамки на одбележувањето на 19-тиот роденден, општинскиот одбор на ЛДП Куманово, вчерева ќе одржи и свечена седница.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)