Левица: Бојкот на референдумот е единствен акт на самопочитување

„Овој референдум не е за членство во Европската унија, бидејќи Македонија се уште нема добиено ниту датум за почеток на пристапните преговори“, истакнаа на денешната прес-конференција од партијата Левица. Оттаму посочуваат дека примерите од другите држави покажуваат дека пристапните преговори можат да траат и неколку децении. Од оваа партија особено ја нагласуваат изјавата на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер дека земјите од Западен Балкан, во кои влегува и Македонија нема да влезат во ЕУ, пред 2025 година.

– Втората голема лага е дека со договорот од Преспа не се негира континуитетот на постоење на македонскиот народ. Доколку ова беше вистина зошто не ги објават уставните амандмани. Како може да гласаме за нешто а да не знаеме за што гласаме. Земете ја во предвид и изјавата на Зоран Заев кој самиот рече дека ако ги објават уставните амандмани на граѓаните ќе им биде непријатно да гласаат на рефендумот. Од што ќе им биде непријатно? –праша Никола Крстевски од Левица.

За Левица е спорно и формирањето на мултидисциплинарно тело кое ќе врши ревизија на научното истражување на историјата, учебниците, наставните помагала, како географски карти, атласи. Па прашуваат што ќе учат учениците за Македонија помеѓу двете светски војни, доколку ја избришеме историјата.

-Што ќе се учи во нашите средни и основни училишта за учество на Македонците во граѓанската војна во Грција, заедно со партизаните од Грција во демократската армија на Грација се бореа покрај за правично општество и за признавање на нивните малцински права. Што ќе се учи за децата бегалци, егзодусот врз Македонците, диктатурата од 1936 година до 1941 година која изврши невидена тортура врз Македонците во Северна Грција која изврши забрана за употреба на македонскиот јазик, што ќе зборува за промена на топонимините, промена на имиња на селата од македонски во грчки, што ќе се учи за абецедарот што тогашната грчка влада кој тогашната грчка влада под притисок на меѓународната заедница мораше да го испечати тоа беше македонски буквар на латиница со што грчката владата тогаш де факто призна постоење на македонско малцинство во Грција-праша тој.

Крстевски нагласи дека постојат сомнежи дека договорот ќе изврши длабоки уставни измени со што Македонија ќе се откаже од позитивни аспекти од историјата, па затоа повикува на бојкот на референдумот, како единствен акт на самопочитување. Тој воедно ги повика граѓаните утре да присуствуваат на нивната трибина насловена Бојкотот како самообрана. Трибината која ќе започне во 19 часот, ќе се одржи во зградата на поранешен Комитет.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)