Левица: Бојкот на референдумот е нова пресвртна точка

Повеќето ветувања на власта со кои се бара поддршка на референдумот се само празни флоскули кои не е поткрепена со факти, стои во соопштението од Левица. Од оваа партија сметаат дека погазувањето на правото на самоопределување и самоименување е во основата на овој неслободарски и условувачки договор од кој штета ќе имаат само граѓаните на Македонија.

Со овој договор Македонија нема да стане членка на ЕУ во никаква скора иднина, но ќе стане членка на воениот сојуз НАТО. Ова значи дека македонските граѓани нема да видат економски просперитет, зголемена безбедност, заштита на демократијата и слободата, како што ветува Владата. Затоа БОЈКОТ на референдумот ќе значи една нова пресвртна точка во историскиот развој на Македонија со која конечно и за прв пат македонските граѓани ќе се спротивстават на континуираната манипулација од разните транзициски властодршци кои не престанаа да го лажат и крадат сопствениот народ во овие 30 години на самостојност-стои во сооопштението од Левица.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)