Левица: Загрозена и неизвесна иднината на илјадници вработени во „Дрекслермаер“

И додека од Владата се пофалија со новиот договор денес до нашиот медиум како и до останатите медиуми во државата пристигна соопштение од политичката партија „Левица“ во кое тие наведуваат дека драстично се кршат работничките права и се отпуштаат вработени од страна на странските компании кои инвестираа во нашата држава но со помош и користење на државни субвенции кои своевремено ги нудеше претходната Влада. Еве што меѓудругото се наведува во сопштението од „Левица“.

Левица, по анонимни дојави од повеќемина поранешни и сегашни вработени во фабриката Дрекслермаер, лоцирана близу Кавадарци (ДММ), дојде до сознанија дека, во оваа компанија бројот на вработени во изминатиот период од околу една година е драстично намален – за околу 1000 луѓе. Односно, од поранешни околу 6000 вработени, сега се останати околу 5000, а овој тренд на намалување на вработените и понатаму продолжува со дополнителни отпуштања и непродолжување на договори за вработување на определено време.

Оваа странска компанија, откако ги искористи државните бенефиции во првите години од своето работење (милиони евра субвенции од државни/народни пари) и евтината работна сила, сега ги отфрла луѓето како искористена роба и тоа среде светска пандемија и здравствено-економска криза.

Повеќемина поранешни вработени, од лично искуство се имаат пожалено, дека отпуштањата ги прават на крајно нехуман и некоректен начин. Дополнително пристигаат информации дека носечкиот проект во е во план да се заврши до крајот на оваа 2021 година, а по завршувањето на тој проект бројот на вработени во наредната година ќе се намали за дополнителни 2000-3000.

Левица, како работничка партија, во име на вработените во компанијата и нивните семејства, бара итни одговори по овие прашања и превземање одговорност, како и решавање на нерегуларностите од страна на раководството на компанијата. Во спротивно нашиот правен тим ќе ги превземе сите можни ресурси за правно постапување по истите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)