Левица претстави дел од програмата во Куманово

Под слоганот „Промена, не замена“, Левица денеска ја претстави програмата со која ќе ја бара поддршката на кумавноци за кандидатската листа советници на претстојните локални избори.

Како што најави кандидатот за советник Никола Крстевски, ќе биде формирано ново јавно сообраќајно претпријатие задолжено за одржување на автобуските постојки во градот и со свои возила ќе врши транспорт на патници во Куманово. Воедно најави и нови дејности во веќе постоечките јавни претпријатија, но и укинување на наплата на паркинг услугите.

Додавање на нова дејност на јавното претпријатие паркинзи за самостојно асфалтирање на коловозите и тротоарите, потоа предлагаме приспособување на ЈП „Чистота и зеленило“ за самостојно чистење на снегот во зимски периоди и чистење на лед од улиците и тротоарите. Сметаме дека оние приватни бизниси кои ги добиваат тендерите или концесиите од локалната самоуправа се во тесна спрега со локалната власт и тие имаат направени такви договори да извлечат максимум пари од заедничкиот буџет од буџетот на локалната самоуправа, а граѓаните добиваат неквалитетна услуга, затоа ние предвидуваме во нашата програма овие битни и важни комунални дејности да ги вршат јавни претпријатија – вели Крстевски.

Меѓу останатите проекти во програмата ќе се најдат и неколку проекти за младите, како што е Културен центар, опремен со кино сала, детски театар, кафетерија и мини сцена и лаборатории заистражување.

Исто така предвидуваме и изградба на месни у културни автономни центри, односно оние месни и урбани заедници кои се руинирани и вон употреба или објекти вон употреба ширум населбите во Куманово да ги пренамениме во простори каде младите ќе може да се собираат и да творат  и да ги покажат своите креации.– додава Крстевски.

Левица во својата програма предвидува и агитирање до централната власт за намалување на потребните 20% за организирање на локални референдуми со цел подобрување на демократријата во локалната самоуправа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)