Левица: Срамно е да го одбележуваме постоењето на НАТО

На еден слободарски град не му долукува да одбележува годишнини на милитаристички, агресорски сојузи. Најостро го осудуваме настанот кој го организираше Министерството за Одбрана во Куманово по повод одбележување на 70 годишнината од постоењето на НАТО сојузот, стои во соопштението од партијата Левица.

Куманово е градот во кој пукна првата пушка, град кој изобилува со антифашистичка и антимилитаристичка традиција, симбол на прогресивните текови на XX век, кога го доживува и својот најголем развој, втемелен врз основа на идеалот за слобода и еднаквост.  НАТО ја претставува сета спротивност на Куманово.

Тој претставува ретроградна сила, остаток од мрачните времиња на милитаризмот и блоковската поделба, се вели во соопштението при што се додава дека Сојузот кој поради профитен интерес на своите штитеници започнува војни, агресии, врши терор, внесува раздор помеѓу народите и го урива меѓународниот правен поредок. Од Левица сметаат дека одбележувањето е голем срам за нашиот град.

Оттаму му препорачуваат на градоначалникот на Куманово наместо своето време да го троши на присуство на како што велат вакви срамни настани, подобро  да се зафати со решавање на урбаниот и сообраќајниот хаос, бидејќи како што завршуваат од Левица, веќе измина година и половина од неговиот мандат а граѓаните не видоа никаков резултат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)