Левица: Столпчињата не се долготрајно ниту одржливо решение

„Столпчињата со кои општината одлучила да го решава проблемот на паркирање на автомобили на пешачки и велосипедски зони, не е никакво долготрајно ниту одржливo решение“, велат од локалниот огранок на Левица Куманово.

Проблемот со недостатокот на паркинг простор според соопштението на партијата испратено до медиумите,  произлегува од непланското развивање и градење на градот.

Според Левица, единствен принцип по кој се гради во Куманово е oстварување максимален профит, а цената на тоа, како што додаваат, е Куманово кое е згуснато, пренатрупано, валкано, без паркови и велосипедски патеки и тесни тротоари на кои најчесто се паркирани возила.

– Проблемот со паркирањето на тротоар/велосипедската патека само ја откри трулоста и неодговорноста на „урбанистите“ во наводници во Куманово. Овие недостатоци и аномалии е многу тешко сега да се решат, особено нема да се решат со поставување на некакви столпчиња. Потребни се многу порадикални и смели решенија со цел Куманово да почне да заличува на нешто како добро осмислена урбана целина. За почеток би било промена на праксата на издавање на градежни дозволи за секој којшто ќе може да плати, а исто така е потребно и општинските „урбанисти“ во наводници и советниците да се повикаат на одговорност за хаосот и катастрофата во којашто го претворија Куманово како град, додаваат од локалниот огранок на Левица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)