„Лежечки полицајци“ –отстранување или легализирање ?!

-Дали и кога општината ќе преземе нешто во врска со обликот и начинот на поставување на т.н . лежечки полицајци во градот ?,  беше едно од трите прашања на кое што советникот Драган Петковски бараше одговор од градоначалникот Максим Димитриевски на денешната седница за советнички прашања. Петковски го поздрави поставувањето на средствата за забавување на сообраќајот кај гимназијата „Гоце Делчев“, но како негативен пример ја потенцираше улица 100 во населбата Карпош каде што веќе  изградените лежечки полицајци се многубројни и не се означени.

-На улица 100 во населба Карпош на растојание од еден километар има поставено седум лежечки полицајци. Возачите се револтирани бидејќи лежечките полицајци не се означени, а се поставени пред осум месеци. Дали конечно општината ќе превземе нешто за решавање на проблемот изјави Драган Петковски , советник

Средствата за успорување на сообраќајот во градот се поставуваат исклучиво по барање на граѓаните без разлика дали тие ќе реагираат преку месните заедници или со индивидуални иницијативи, а може да се постават и врз основа на заклучоци донесени како резултат на одредени несреќи, рече  градоначалникот Димитриевски во врска со прашањето на Петковски. Димитриевски потенцираше дека средствата за забавување на сообраќајот се поставуваат врз основа на претходно изготвен елаборат за кој постои сообраќајна согласност од МВР. За лежечките полицајци во населба Карпош,  Димитриевски истакна дека се изградени под притисок и барање на месното население, а елаборатот кој што е во изработка ќе покажел допрва дали има потреба од толкав број на средства за успорување на сообраќајот.

„Дел од непрописно изградените лежечки полицајци  во градот ќе се обидеме да ги легализираме добивајќи согласност од МВР, потенцираше градоначалникот.

-Имаше огромен број на барања од месното население за изградба на средствата за успорување на сообраќајот. Доколку елаборатот кој што е во подготовка покаже дека нема потреба од толкав број средства за успорување на сообраќајот, ќе бидат срушени односно отстранети. Тие се поставени бидејќи улица 100 е како авионска писта за дел од возачите кои што дивеат по улицата која што е реконструирана. Подобро е да се оштети некое возило отколку да згасне нечиј живот или да дојде до некаква друга несреќа, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Петковски незадоволен од одговорот на Димитриевски рече дека лежечките полицајци не треба и не смее да бидат поставувани без претходно изготвен елаборат и добиена соодветна согласност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)