Летен камп за волонтери во Кокино

Клубот на млади при општинската организација на Црвениот крст во Куманово и годинава организира четиридневен летен камп. Оваа година кампот, кој е насловен „Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи“, се одржува во близина на Кокино. На него учествуваат 35 волонтери од општинските организации на Куманово, Крива Паланка и Ниш од Република Србија. Секретарот на Црвениот крст, Иле Митковски истакна дека секогаш со задоволство им даваат поддршка на активностите на младите волонтери.

-Општинската организација секогаш застанува зад своите активисти затоа што ние како општинска организација без нив не би ни постоеле.  Tоа се млади луѓе кои одвојуваат од своето време и навистина е убаво да се гледа како тие сега се на камп-додаде тој.

Присутните волонтери истакнаа дека кампот освен што има едукативен карактер, истиот претставува и можност за дружба.

-Имаме обуки од најразличен вид подготвеност за катастрофи, некои симулации, вежби, повреди, катастрофи, како би дејствувале во нив, може да се каже на некој начин правиме подготовка и планирање како да дејствуваме во такви услови, како што видите една од нив е и оваа камп населба-изјави лидерот на младите, Раде Ристиќ.

Инаку ова е трет летен камп, кој што го организира општинската организација на Црвениот крст на Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)