„Летен караван на книгата“ од утре во Куманово

Од утре на платото пред Центарот за култура до недела ќе се одржи Летниот карван на книгата“. Секој ден од 10 до 21 часот (со исклучок на петок, кога ќе работат до 16 часот) на штандовите на неколку издавачи ќе ве очекуваат освежувачки приказни спакувани во книги погодни за жештината на летните денови.

Воедно утре со почетокот во 20 часот во Центарот за култура ќе се одржи и промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска, а  промотор на делото е Душко Крстевски. Како музички гостин ќе настапи  Јован Цветковиќ.
Пармаковска е авторка на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“(книга за која ја добила наградата „Роман на годината“ во 2017 година).

Коментари

коментар(и)