„Лето во кое те нема“ во Театар Куманово

„Лето во кое те нема“ е претставата која премиерно ќе биде прикажана во Театар Куманово, на 21 септември, годинава. Претставата е правена според истоимениот роман на Петар Андоновски, а во режија на Драгана Гунин.

„Лето во кое те нема“ е претстава за љубовта, за пријателството, но и празнината што ги оставаат љубовта и пријателството. Во претставата играат актерите Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.

Драматизацијата е на Ева Камчева, сценографијата на Крсто Богојевски, костимографија Ивана Цветковска, музика Гала Насева и дизајн на постер Симона Гаштарова.

Репризата е закажана следниот ден во четврток, информираше директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

За романот „Лето во кое те нема“ Петар Андоновски ја доби наградата „ПЕН преводи“ кој ја доделува англискиот ПЕН центар

Коментари

коментар(и)