Ликовна колонија во „Христијан Т.Карпош“

Ученици од 15 основни централни и подрачни училишта денеска беа дел од ликовна колонија организирана од здружението за грижи и воспитување на децата. Домаќин на годинашнава детска ликовна изложба под мотото „ Народен вез“ е основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  во село Драгоманце.

-Техниката е асамблаж  или составување на мали зрнца од органски материјали на едно место со силикон. Интересен податок е тоа што секое училиште во Куманово заедно со подрачните моментално се учесници на колонијата.  Децата медиумот со играње со раце моментално го восприемаат многу убаво и сакаат да се изразат за тоа што работат, фрагментот на народна носија или народен вез каде што едниот фрагмент кој што ќе го сработат ќе биде мултиплициран на повеќе места и така ќе добиеме тепих, елек, колан,  изјави Александар Стефановски, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата Куманово

Се поголемиот број учесници на детската ликовна колонија е показател дека младите ја сакаат ликовната уметност. Дел од денешните ученици веќе учествувале на ликовни изложби , но некои од учесниците првпат имаа можност да ја изразат својата креативност и идеја.

-Сите започнаа веќе со работа, со прекрасна техника, очекуваме прекрасни цртежи  и слики. Оваа година на колонијата има многу повеќе учесници споредбено со претходните години, изјави Елена Спасовска Радошевиќ , професор по ликовна уметност

Ликовната колонија во организација на здружението за грижи и воспотување на децата секоја година се реализира во различно училиште. Минатата година децата твореа во просториите на подрачното основно училиште „Толи Зордумис “ во селото  Режановце.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)