Ликовна работилница за намалување на стереотипите

Стотина ученици од основните и средни училишта од Куманово денеска учествуваа на ликовната работница, која ја организираше Националниот ромски центар во рамки на кампањата „Доста! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите“ и одбележување на денот „Ромска Гордост“, поддржан од програмата на Советот на Европа. Учениците имаа можност да испишат пораки, цитати, слогани или насликаат креативни дела со кои ќе се влијае на намалување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

-Им овозможиме на учениците да ја искажат својата креативност, да комуницираат и пред се да ја испратат пораката дека сите недоразбирања, кои се поврзани со дискриминација, расизмот, непочитувањето на правото всушност најмладите тоа првин го чувствуваат, а од друга страна тие имаат право и заслужуваат да имаат позитивна енергија, која треба постарите генерации да им ја пренесат, за да се создаде атмосфера која ќе значи подобра иднина за сите-истакна Ашмет Елезовски, од Националниот Ромски Центар од Куманово.

Креативните творби ќе бидат изложени на завршниот настан, кога ќе се доделат и сертификати за учество во кампањата.

-Ќе ја испратиме пораката која владее за Куманово дека е мултиетнички град и го негува тоа. Во денешно време многу е важна комуникацијата, размената на искуствата, првин да започнат од помладите генерации, тоа и го правиме на неколку наши настани од културно едукативен приказ преку собирање на ученици од основните и средните училишта-истакна тој.

Кампањата„ Доста! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите“ и одбележувањето на денот „Ромска Гордост“, ќе се спроведува до декември. Инаку ова е четврта година како се имплементира, со цел да се влијае врз перцепциите за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку промовирање вредности на ромскиот народ и нивниот придонес во општеството, како и создавање на подобра слика за Ромите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)