Ликовно конципирани билборди за промоција на угостителите

На крајот од 2019 година, во рамките на проектот „На патот“ се направени последните уметнички дела кои беа одобрени од комисијата задолжена за реализација на проектните активности.

Станува збор за ликовно конципирани билборди, кои се изработени за локалните угостителски објекти кои се наоѓаат „на патот“ по кој минуваат туристите во посета на културно-историските споменици во кумановскиот регион.

Билбордите се изработени за рестораните „Кокино“ и „Грација“  , „Фрателис“ и „Етно – село“и „Панорама“(Липково). – Освен што на тој начин сакаме да ја подобриме визибилноста на овие претпријатија кои се во функција на развојот на руралниот туризам, во исто време сакаме и да ги поттикнеме менаџерите на малите и средните бизниси од регионот да размислуваат за поактивно ангажирање на уметниците во остварувањето на своите комерцијални активности, пред се во делот на визуелизација на нивната понуда (уметнички дизајнирани билборди, веб страни, брошури и сл.), велат од ЛАГ АБЕР.

Како што појаснуваат на тој начин сакаат да покажат дека од нивната меѓусебна соработка ќе се создаде атмосфера на поактивно ангажирање на творечките капацитети на кумановските уметници за комерцијални цели.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)