Лицата со попреченост добија спортска оперма

Корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби денеска се вклучија во реализација на спортски активности со реквизити кои беа донирани од страна на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а во рамките на проектот наречен „Спортски бон-тон“ кој го спроведуваат Геостратешки институт „Глобал“и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Сакаме на нашата заедница да покажеме дека и лицата со псоебни потреби можат без оглед на кое ниво се тие со инвалидитет да изведуваат спортска активност и можат да учествуваат активно во спортот. Ова го правиме се од причина на македонската јавност да и прикажеме и да се избориме дека државата треба да има посебен однос и третман да ги смениме одредени законски норми и акти кои постојат во Република Македонија, да ги преадаптираме за нивните потреби и да му дадеме значај како што тоа се нарекува на адаптибилното физичко образование – изјави проф. Др. Иван Анастасовски, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Како што потенцираше Иван Анастасовски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проектот ќе цели преку спортот лицата со попреченост да се инклузираат во општествениот систем преку спортот.

Според  магистарот Александар Спирковски, за лицата со попреченост се применуваат посебни методи за реализирање на спортски активности зависно од нивната развиеност.

Кога би направиле една разлика помеѓу физичко образование каде физички се занимава општата популација и адаптивно физичко образование разликата е во тоа што кај спортовите што ги изведува општата популација се прилагодуваат на правилата, реквизитите, за разлика од адаптивно физичко обарзование правилата и реквизитите ги приспособуваме спрема способностите и можностите на децата со попреченост – м-р Александар Спирковски, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Според волонтерите најаважно во реализација на спортските активности кај лицата со посебни потреби е тие да се реализираат на отворен простор во контакт со другите лица во општеството.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)