Лица со интелектуална попреченост добија работна можност

Седум лица со интелектуална попреченост од двата дневни центри од Куманово, од денеска ќе добијат работен ангажман. Тие ќе имаат можност да го продаваат списанието Лице в лице, кое третира општествено одговорни теми, кои се наоѓаат на маргините во дневните медиуми. Од Центарот за интелектуална попреченост, Порака наша велат дека на овој начин и на нивните корисници ќе им се даде можност сами да заработуваат.

-Сите сме многу возбудени и ние како нивни едукатори прв пат сме во нешто вакво, очекувањата ни се големи, и нашите и на корисниците. Желбата да продаваат кај нив е огромна денеска ќе им биде прва можност по самиот настан да почнат со продажба-изјави Светлана Милевска Димитриевска  социјален работник, Порака наша.

Тие сметаат дека со работниот ангажман на лицата ќе им се обезбеди почеста комуникација со јавноста, а воедно и ќе се подобри нивното секојдневие. Инаку Лице в лице освен што едуцира, може да ги урне стереотипите и предрасудите за лицата со посебни потреби, но и на позитивен начин да придонесе за промени во општеството.

-Куманово е шестиот град којшто се приклучува на семејството градови кадешто се продаваат улични весници. На наше големо задоволство со одлични соработници Порака наша, верува дека 40-50 продавачи низ Македонија ќе добијат одлични нови колеги. Нашитепродавачи се носители на некој начин на општествени промени и тоа како двојни, затоа што се работно ангажирани и го подобруваат својот живот но во исто време таа конекција со јавноста, испраќаат пораки коишто се многу важни за подигнување на свеста за важни општествени прашања-наведе Анета Ристеска еден од уредници на Лице в лице.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на денешната промоција на новиот број на списанието, даде поддршка на овој проект.

-Денеска имаме еден убав пример се гордеам на проекти од областа на инклузија на лица со посебни потреби во општествениот живот со вклучување според нивните можности во работни обврски на овие лица. На тој начин 50 проценти од средствата ќе завршат во Порака наша-нагласи Дамјановски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа и во иднина, како и досега ќе продолжи во рамки на своите можности, да дава голема поддршка на Центарот за интелектуална попреченост Порака Наша. Инаку лицата со интелектуална попреченост при работата на терен ќе имаат поддршка од  учениците од средните училишта Наце Буѓони и гиманазијата Гоце Делчев,  кои ќе се вклучат како волонтери.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)