Лица со попреченост имаа музичко-сценски настап

Музичко- сценска програма во која учествуваа лица со интелектуална попреченост од двата дневни центри од градот денеска се одржа во основното училиште „Толи Зордумис“. Манифестацијата е по повод 11-ти ноември, Денот на ослободување на градот во рамки на проектот Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост, кој го спроведуваат УНДП и Општина Куманово. Во проектот се вклучени вкупно 15 лица,  меѓу кои професори по музичко и физичко образование, педагози, социолози, а  осум од нив се ангажирани во дневните центри. Целта на проектот е да се мотивираат лицата со попреченост.

-Овој настан денеска е по повод празникот на градот 11-ти ноември, меѓутоа е и најава за одбележување на денот на лицата со хенгидикеп 3-ти декември. Во тек е 5-от месец од вкупно 6-те додека трае овој проект. Морам да кажам дека изминатите два проекти имаа еден континуитет и воопшто не се прекинати проектите активности. Ангажираните лица во периодите од еден до друг формално кога не започнале, продолжуваат да волонтираат-истакна Фросина Трајковска помошник раководител на проектот.

Професорите истакнаа дека лицата се заинтересирани за работа и активно учествуваат на секое поле.

-Макотрпно е работено за оваа приредба. Голема благодарност до директорот на Толи Зордумис што ни овозможи тука да присуствуваме, и благодарност што ги имавме сите термини по физичко образование тука. Сами можете да забележите еднормно подобрување има на децата во секој аспект-нагласи Александар Крстевски, професор по физичко образование.

Иако беше најавено, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски не присуствуваше на свеченоста.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)