Лиценци за вработените во автошколите и испитните центри

Воведување на лиценци за вработените во автошколите и испитните центри се предвидува со новиот предлог закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.  Со лиценца треба да се стекнат предавачите по наставна програма и возачите-инструктори во автошколите, како и контролорите, испитувачите по наставна програма и управување со возило во испитените центри. Истовремено се превидени и основи за одземање на лиценци за наведените категории на работници, како и одземање на лиценцата на автошколата и испитниот центар.

– Оваа е предлог законот кој цела година се подготвуваше.Информациите беа поставени на веб страната на МВР и сите кои имаа забелешки или сакаа да додадат нешто можеа писмено да се обратат до надлежните. Земејќи ги во предвид сите предлози што се дадени од Здруженијата на автошколите и испитните центри сега е одлично направено и предлог законот е веќе во собраниска процедура и мислам дека овие денови би требало да помине, вели Африм Емини, раководител на СИЦ „Топдрајвер“.

Воведена е целосна постапка за спроведување на стручен испит за работниците во автошколите и испитните центри со предвидување на комисии за полагање, верификација на прашања и ревизија за  електронскиот начин  на полагање.

– Досега повеќе се казнуваше автошколата отколку инструкторите, а сега е поинаку со грешка на инструктор или член на испитна комисија се казнува самиот тој што ја направил грешката, вели Емини.

Целта на воведување на овие одредби е подобрување на процесот на обука на кандидати за возачи и поквалитетно и објективно спроведување на возачкиот испит.Според надлежните, со воспоставување на индивидуалната одговорност на стручните лица во автошколите и испитните центри се спречуваат можните злоупотреби

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)