Локален совет за превенција во пресрет на Денот на превентивно работење на полицијата

„Последниве десет години откако во рамките на Секторот за внатрешни работи Куманово како посебна организациона единица функционира Отсекот за превенција намалени се криминалитетот и случаите на нарушување на јавниот ред и мир“,  истакна на денешниот Локален совет за превенција началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ.  Според началникот ,Отсекот за превенција во 2008-та година бил формиран за да се обезбеди подобра и поефиксна соработка со институциите на системот, со посебен акцент на образовнието каде што е вклучена младата популација.

-Отсекот за превенција има своја програма во која сите чинители се заедно со нас, програмите заедно ги креираме, заедно ги презентираме пред граѓаните се со цел за превенирање и спречување на девијантни појави во општеството , а се со цел да го намалиме криминалиетот и нарушување на јавниот ред и мир и други асоцијални појави во општеството. Отсекот за превенција и Секторот за внатрешни работи има направено низа проекти за изминативе десет години , а имаме добра соработка и помош од претставниците на ОБСЕ во Македонија, изјави Стојанче Величковиќ,  началник на СВР Куманово

Началничката на Отсекот за превенција, Виолета Богдановска информираше дека е изготвен Прирачник за функционирање и работа на локалните совети за превенција со одредени измени од претходниот. Од прирачникот, како што рече Богдановска,  вклучените во локалниот совет можат да се запознаат на кој начин, како и што може да се направи на локално ниво заеднички да делуваат во превенирање на безбедносните закани кои што се однесуваат на сите целни групи на граѓани, почнувајќи од најмладите па се до повозрасните.

-Првиот проект кој што заедно со локалните самоуправи и со локалните совети за превенција го направи СВР Куманово беше проектот која што и ден денес е актуелен и за жал се уште постои , тоа е превенција од злоупотреба на дрога , проектот Спорт да – дрога не. Паралелно со тоа одеше и проектот „ Безбедни училишта “ по кој што сме познати во цела РМ по терк по кој ние го работевме преку советите на општините, а сега се спроведува на ниво на цела РМ. ОБСЕ беше поддржувач на првите проектни активности , а подржувачи се  и денеска на сите активности, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција во СВР Куманово.

Локалниот совет за превенција се одржа во пресрет на 09 декември, Денот на превентивното работење на полицијата, а по повод едно децениско постоење на Отсекот за превенција, беа доделени благодарници за соработка во превентивните активности на градоначалници на општините во североисточниот регион, градинката Ангел Шајче, Секторот за образование, Државниот просветен инспекторат , Општа болница, Територијалната противпожарна единица Куманово, општинската организација на Црвен крст, Центарот за социјални работи, народниот правобранител, Општинскиот сојуз на спортови, Сојузот на училишни спортови во Куманово и на телевизија Плус.

По доделувањето на благодарниците, присутните имаа можност да проследат неколкуминутен спот во кој што се претставени дел од активностите од проектите кои што ги имплементира Отсекот за превенција. Целта која што беше поставена пред десет години е постигната. Отсекот за превенција успеа преку реализација на многубројни проекти  да ја врати довербата на граѓаните во институциите, пред се во полицијата.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)