Локален совет за превенција од пожари

Во организација на Секторот за превенција при СВР Куманово и Општина Куманово денеска се одржа локалниот совет за превенција на која се дебатираше за мерките кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во летниот период.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека е оптеретен законот за постапување. Авионите се подготвени за дејствување, но нивното активирање не е толку ефикасно ако во гаснењето не се вклучат и луѓе на терен.

Прво реагира сопственикот, а тоа е државата, односно Шумското стопанство, ако тие не можат да го изгаснат пожарот, тие бараат интервенција од општината, тука е Територијалната противпожарна единица и гасат колку можат да изгаснат. Доколку не можат тие да излезат на крај со пожарот тогаш командирот на противпожарната единица треба да го извести својот претпоставен значи градоначалникот и тој да побара употреба на републички сили за заштита и спасување – вели Слаѓан Антевски од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со проблемот со законските регулативи говореше и претставникот на Регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски кој вели дека дел од нив се нефункционални, а препорачува воведување на т.н. инцидент команд систем.

Секоај година зборуваме за вакви работи, но пак не ни одат работите како треба. Сосема е јасно дека кога се работи за шума прво што излегува, тоа е наша обврска на ЦУК, кога ќе добиеме дојава или увидиме дека има таков проблем, прво што направиме алармираме Шумско Стопанство, во исто време и ТТПЕ и општината и дирекцијата. Многу ни е важна секоја секунда од моментот кога добиеме дојава дека такво нешто се случува, но од моментот кога ќе ја дадеме дојавата и бојасниме, отиде тоа – рече Стојковски.

Според градоначлникот Дамјановски кумановските пожарникари немаат доволна опрема, со оглед дека набавка на едно возило за гаснење пожар чини над 300.000 евра.

Противпожарните единици потпаднаа под локална ингеренција добивме габарит на средства и човечки ресурси кои како времето одминува не добивме дополнувања и не го спазуваме законот еден пожарникар на 2.000 граѓани, тоа е некоја норма, меѓутоа донесовме буџетска поддршка што триесетина луѓе се на времено вработување, особено во летните периоди, пет години наназад имаме таква единица која дава поддршка. Не се во постојан работен однос, меѓутоа со наша буџетска поддршка околу 800.000 денари на месечно ниво или десетина милиони е поддршката за противпожарна заштита. На тој начин даваме поголема сигурност, но дефинитивно не ги решаваме сите проблеми – изјави Дамјановски.

Во март имало четири шумски пожари на кумановско-липковското подрачје, додека во април два, меѓу кои и оној од Скопска Црна Гора каде шумата е скоро за 55% изгорена.

Од СВР Куманово нагласуваат дека казните се енормни за палење пожари и стрништа и апелираат до граѓаните да се воздржат од плаење оган на отворено особено во летниот период.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)