ЛС Ваикики отвори продавница во Куманово

Турскиот бренд во текстилната индустрија ЛЦ Ваикики денеска ја отвори својата прва продавница во Куманово. Мисијата на оваа компанија е да обезбеди квалитетна, стилизирана облека и модни додатоци за жени, мажи, тинејџери, деац и бебиња по пристапни цени. ЛЦ Ваикики заедно со продавницата во нашиот град досега има отворено седум во државата., а согласно стратегијата за развој се планира бројката да достигне до 11.

 -Бидејќи видовме дека поголемита градови се до скопје и сакваме да им удостоиме на нашите клиенти купувачи за да може да си го дозволат тоа што го има во скопје и затоа решивме да го направиме Ваикики подостапен и за останатите градови, бидејќи секој заслужува да биде убаво  облечен тоа е и нашето мото на компанијата. Бидејќи нашето мото е сите заслужуваат да бидат убаво облечени нашите цени се многу достапни за сите , во продавниците на ваикики може да најдете буквално се од новороденчиња, до постари лица , имаме различни подбрендови,за секој вкус може да се најде по нешто, изјави Харун Демирташ, ЛЦ Ваикики

-Многу е важно да напоменеме дека  во нашата продавница само за денес имаме 20 проценти на сите купени артикли, изјави Христијан Анаќиоски, ЛЦ Ваикики

ЛЦ Ваикики е турска приватна компанија основана во 1985-та година во Франција. Компанијата има отворено повеќе од 700 продавници во 32 земји во светот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)