Лулзим Нуредини – нов командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон

Потполковникот Лулзим Нуредини  е новиот командант на Првиот  механизиран пешадиски баталјон . Со примопредавање на военото знаме, плакета  и со дефиле на ешалоните на единиците од баталјонот денеска во касарната „  Боро Менков “ беше извршено официјалното примопредавање на должноста. Новоназначениот командант на баталјонот, Нуредини,пред присутните кажа дека е чест и одговорност што е назначен за командант, a потоа им се заблагодари на претпоставените за укажаната доверба.

-Ние што остануваме, продолжуваме понатаму,критериумите се поставени,целите се јасни,желбата и мотивот се одлична основа за постигнување уште повисоки резултати„-рече во говорот,потполковник  Лулзим Нуредини, командант на  1.мпб

Новиот командант потполковник Нуредини е роден  во Кичево, се школувал на Воената академија во Скопје, извршувал повеќе должности  во механизирано-пешадиските единици,учествуваал на бројни обуки и курсеви,а за својата работа бил наградуван. Досегашниот командант на баталјонот

Али Хајро,обраќајќи се пред присутните, се заблагодари на припадниците на Првиот механизиран пешадиски баталјон за успесите што заедно ги постигнале.

Командантот на првата механизирана пешадиска бригада,полковник Зоран Милески  потсети  дека баталјонот учествувал во домашни и меѓународни обуки и вежби и учествувајќи  во рамките на мировната операција  „ИСАФ„ во Авганистан, во  „АЛТЕА„ и „Слобода за Ирак„  војниците се стекнале со искуство , а истовремено и достојно ја претставувале  Армијата.

-Од потполковник Нуредини,очекувам неговото богато искуство од областа на обуките и вежбите,операциите за поддршка на мирот да му биде основа за збогатување на формите на обука и вежби во баталјонот и во наредниот период успешно да раководи и командува со баталјоно -рече во говорот, командантот Милески.

На свеченоста присуствуваа командантот на ЗОК,бригаден генерал Васко Ѓурчиновски,заменик на командантот на ЗОК,бригаден генерал Павле Арсоски, началникот  на штабот на ЗОК,бригаден генерал, Азим Нуредин, како и команданти, старешини, војници,претставници од локалната власт на општините од Североисточниот регион,  претставници од  јавни установи и институции.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)