„Македониум“: Да не се распродаваат македонските национални интереси

Политичките партии не може да ги распродаваат македонските национални интереси, смета Семакедонскиот национален совет Македониум, кој неодамна беше формиран од Македонци од државата но и дијаспората, воглавно луѓе кои се залагаат за македонското прашање. За претседател е избран Страшко Олумчев, а  членови се и Нестор Огинар, Ристо Поповски, Ангелина Маркус и многу други.

-Недозволиво е албанскиот политички фактор во Македонија да оди на консултации во Тирана да се враќа во Македонија со веќе однапред донесена платформа, со постулати од призренската лига и да бара редефинирање на државата, двојазчност  и слично а да одбива да учествува на сите поважни одлуки донесени во државата. Од тие причини ние сметаме дека во овој момент потребно е единство на македонскиот народ и затоа како Семакедонски национален совет пристапивме кон обединување на сите македонски здруженија, организации, политички партии во едно за да се преку едно јавно истапување да се зацртаат и изнесат македонските црвени линии до каде може да се оди.  Дојдено е времето кога треба да се каже стоп на распродавање на македонските национални интереси-посочи Олумчев.

Претседателот на советот нагласи дека законската регулатива му дозволува на претседателот на државата да карикира и изнесува работи кои се однесуваат за мандатот за формирање на новата Влада. Додаде дека тој не може да лицитира со бројот на гласови во Собранието и да кажува  кој ќе собре 61 пратеник тој ќе земе мандатот.

-Што се однесува за Груевски и Заев може да им го кажам следново, како претседател на Семакедонскиот национален совет јасна порака упатувам и до едниот и другиот ги ставија своите договори на Пржино. Пржинските договори се анекс додаток на Рамковниот договор и ова што го направија со последните избори во декември 2016 не може да биде признаено како регуларно од причина што не е направен попис во Македонија-додаде тој.

Од советот бараат и спроведување попис на населението во Македонија, за да се знае точната бројка на гласови.

-Не може 90.000 флуктурирачки гласови од Косово да гласаат во ист момент и на Косово, Македонија и со тоа да диктираат темпо на уредување на политиката на државата и на составување на Влада-нагласи првиот човек на советот.

Семакедонскиот национален совет бара и враќање на Уставот од 1991 година, како и поништување на сите останати договори.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)