„ Македонија во Европа- реалност или фикција“

Во пресрет на 9 мај-Денот на Европа Секторот за евроинтеграции при општина Куманово денеска организираше панел дискусија на тема„ Македонија во Европа- реалност  или фикција.Целта на трибината е на јавноста да и се испрати порака дали Македонија е на вистинскиот пат за евроинтеграциите  бидејќи веќе подолг временски период има пречки кои во наредниот период со  политичка волја ќе бидат отстранети и долгоочекуваниот пат на Македонија во евроинтеграциите и во НАТО алијансата ќе биде отворен, рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

-Сметам дека Македонија во моментов се наоѓа во еден ќорсокак на  европскиот пат, со оглед на тоа што се наоѓаме во длабока политичка криза. Имаме суспензија на демократските процеси, како основно човеково право, слобода на медиумите, една голема коруптивна афера, се она што се вика правен поредок во една држава. Ако сакаме вистинско демократско општество, градење на институциите во општеството, тоа е основен услов за демократија. кажав дека државата, а тоа се институциите на системот и општеството и политичките чинители не треба да бидеме во диспропорција, ако имаме голема разлика во тие два сегмента тогаш имаме политички хаос како што е во македонија,  изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

За разлика од минатоие години кога по повод 9 Мај се организираше централна прослава и други манифестации, оваа година Европското  движење во  Македонија организира дебати од кои би  требало  да се испрати порака која би имала пошироко општествено значење. Според почесниот претседател на движењето Димитар Мирчев, процесот на евроинтеграцијата на Македонија не е запрен , ниту пак има сигнали дека ќе се запре со преговорите иако моменталната ситуација ги кочи процесите. Мирчев порача дека без седнување на маса на лидерите на четирите партии и постигнување политички договор, без оживување на Пржинскиот договор и без избори нема решение на кризата.

На трибината свои излагања имаа и др. Малинка Ристовска Јорданова, Лидија Димова, Бојан  Маричиќ  и проф.др. Милева Ѓуровска. Во дискусијата се вклучија и останатите учесници , претставници на државни  и општински установи и невладини организации.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)