Македонскиот син Гоце Делчев чествуван и во Куманово (видео)

Македонија го слави раѓањето на големиот идеолог и борец за нашата слобода, револуционерот Гоце Делчев. Изминаа 149 години од неговото раѓање, но неговата идеја за слобода, рамноправност и културен натпревар меѓу народите не ја изгуби својата смисла. Денеска, како никогаш досега, неговите зборови одекнуваат во нашата свест со поттик да ги почитуваме основоположниците на нашето минато, за да ни биде полесно во иднината. Гимназијата „Гоце Делчев“ роденденот на својот патрон го прослави скромно оваа година. Не изостана положувањето свежо цвеќе од општинската служба и другите институции, а најубав подарок секако беа есеите од гимназијалките посветени на големиот македонски херој.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)