Македонски и бугарски компании на бизнис форум

Под мотото „Заедно можеме повеќе“  бизнисмени од македонски и бугарски компании и градоначалници в петок во Занаетчискиот дом во Куманово ќе учествуваат на бизнис форум организиран од здружението за поддршка на мали и средни претпријатија во Бугарија „Обединети бизнис клубови“ и Општина Куманово.  „По двегодишна соработка со општината, пред два месеца договорено е преку организирање Бугарско –македонски бизнис форум да се подобри соработката меѓу компаниите од двете држави бидејќи само заедно можеме подолго да опстанеме на меѓународните економски пазари“ , рече на денешната прес-конференција во Општина Куманово, претседателот на здружението, Веселин Халачев, кој што воедно е и член на Бордот на директорите на Европската алијанса на мали и средни бизниси во Брисел.

-На овој настан ќе зборуваме за можностите македонските компании да можат да отворат бизнис во Бугарија и обратно, како да си отворат фирми во Македонија или како македонските бизнисмени да отворат фирми во Бугарија, така што најбитно на тој форум ќе бидат тет а тет средбите каде што бизнисмени од компании од Северна Македонија и компании од Бугарија можат да се сретнат и можат да започнат едно партнерство, да соработуваат заедно, да тргуваат заедно, а тоа значи ние сакаме нашите две држави да започнат подобра економска комуникација меѓу фирмите во Македонија и во Бугарија, изјави Веселин Халачев, претседател на здружение „Обединети бизнис клубови“

Халачев потенцираше дека по успехот на форумот за бизнис одржан во Скопје кон крајот на минатата година на кој се коментирале европските фондови и програми, било заклучено дека се повеќе општински, владини и економски субјекти бараат партнерство со здружението „Обединети бизнис клубови“. Според него, сите учесници на бизнис форумот во Куманово ќе имаат можност  за практично создавање на партнерства и бизнис односи  преку специјално организирани средби.

Инаку, претставниците на секторите од Куманово се од областа на земјоделство и сточарство, пчеларство, прехранбена индустрија, текстилна, чевларска, дрвопреработувачка, енергетика, туризам, градежништво, транспорти  шпедиција , хотелиерство и ресторани.

Бугарско -македонскиот бизнис форум е поддржан од Амбасадата на РБ во Скопје и Амбасадата на РСМ во Софија, а се очекува и присуството на министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)