„Мак-Дам“ со вонредна крводарителска акција

Здружението на спортски риболовци „Мак Дам“  од Куманово денеска организираше вонредна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст од Куманово. На акцијата која се реализираше во Центарот за култура, беа соберени околу 60 крвни единици.

-Нашата редовна крводарителска акција е во јануари, тогаш имавме 115 единици, сега е оваа вонредна. Ние сме задоволни од одзивот и членовите на нашето здружение и ќе продолжиме со вакви акции во секое време, да даруваме крв и да помагаме на нашиот народ-посочи Зоран Стојмановски член на ЗСР Мак дам Куманово

Крводарителските акции во организација на рибарското друштво во Куманово секогаш се успешни, посочија од Институтот за трансфузиона медицина.

-Досега има добар одзив се надеваме дека до 15 часот ќе има барем 30 единици не се сомневам воопшто во тоа со оглед на минатото искуство. Се надевам дека и тие што го прележале вирусот по 30 дена можат да даруваат крв, тие што се заинтересирани може да даруваат ковалесцентна плазма за која има посебен протокол кој може да се најде на нашата интернет страница. Повик до сите кои оваа година не дарувале, доколку се чувствуваат здрави да повелат и да имаме добри залихи на крв-истакна д-р Ефтим Димитровски Институтот за трансфузиона медицина.

Инаку младите членови на здружението го освоија третото местото на натпреварот Рибарче, кој во недела во Скопје го организираше македонската риболовна федерација. Од Мак дам се надеваат дека младите од 08 до 15 години ќе редат успеси и на наредните натпревари.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)