„Малата сирена“ на репертоарот на Театар Куманово

По мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, а во режија на Бојана Краљевска, утре на сцената во Театар Куманово ќе биде изведена претставата „Малата сирена“. Допирот на водениот со копнениот свет е исполнет со авантура, љубов, магија, среќа и несреќа, а сето тоа претставено преку убава сценографија, добро одбраните костими и музиката, на кумановската публика желна за театарска игра ќе ѝ овозможи незаборавно доживување и своевидна средба со таинственото морско дно. Не ја пропуштајте „Малата сирена“ во 18 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)